10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Шарените ги повикуваат кандидатите на мегдан

Во денешното гостување на Отворено Студио 1 на 1тв, активистите на Шарена Револуција Ирена Стеријовска и Гоце Маркоски одговорија на повиците за поддршка на двата табора и ги повикаа претседателските кандидати на мегдан за вредностите на Шарената револуција.

Според нив, треба да се креира директен линк на комуникација со двајцата кандидати за резервите кои луѓето ги имаат кон кандидатите, но и партиите кои ги поддржуваат кандидатите. Најавуваат иницијатива за објективна и транспарентна комуникација за прашањата кои ги интересираат активистите, но и сите други граѓани.

„Будно ги следиме состојбите, голем дел дел од нашите другари и соборци поради таквиот расплет на ситуацијата ги зафати одредена апатија, но ниту од далеку не смееме да се предадеме и немо да ја следиме ситуацијата бидејќи имаме одговорност во овие историски моменти за нашата држава.“ – изјави Маркоски.

Стеријовска рече дека незадоволството од едната опција не значи по автоматизам поддршка за другата, а граѓаните покажаа дека им треба посуштинска дебата за пошустински прашања да се определат за кого ќе гласаат и на кого ќе му ја дадат довербата.

Маркоски смета дека Шарената револуција делумно ги исполни своите цели. Успеавме да го детронизираме Никола Груевски, но се уште има траги од аномалиите против кои се боревме. Има промена но ниту од далеку и не сме задоволни од нивото на таа промена. Поготово, ние кои протестиравме на улиците викајќи нема правда нема мир, сметаме дека правдата задоцни кај дел од случаите на висока корупција и случаите на СЈО – изјави тој.

Според нив, е легитимно тоа што двајцата кандидати бараат поддршка од Шарената Револуција и тоа значи дека вредностите на Шарената Револуција го изджиле тестот на времето. Но, истовремено е значајно да се спречи нејзина злоупотреба од кој било табор и да се креира отворена платформа преку која активистите и сите останати ќе можат директно да ги прашаат претседателските кандидати за дилемите кои ги имаат околу секој од нив.

Би било лицемерно да го поддржиме едниот или другиот кандидат. Шарена револуција нема намера да даде „шарен печат“ и пред избори да излезат и да речат гласајте за овој или оној кандидат. Сакаме да го оставиме простор да се одговорат прашањата кои ги засегаат луѓето чии принципи се принципи на Шарената Револуција. Ние имаме конкретни прашања кон двата кандидати и бараме конкретни одговори – изјави Стеријовска.

Спонзорирано: