12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тргнале по невеста, а заедно заминаа во смрт – ова се трите момчиња кои загинаа во сообраќајка кај Рума

Три млади лица загинаа, а четири лица се повредени во атар кај селото Рума и тоа кога оделе да запросат девојка.

Како што информираат српските медиуми, до стравична несреќа дошло синоќа во околу 3 часот по полноќ. Автомобилот „рено лагуна“ излетал од патот и удрил во бандера.

Во несреќата загинале 37-годишниот Мирослав Ј., 19-годишниот Марко Ј., 17-годишниот Мирко Ј.

Во тешка состојба е 16-годишниот Н.П., додека со тешки телесни повреди се здобила 27-годишната Нагелина Н, а лесно повреден е и 21-годишниот Александар Д.

Семејството на настраданите се збогуваше од нив и на социјалните мрежи.

Спонзорирано: