4.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шојгу му порача на НАТО: Ве уверувам дека ќе одговориме со адекватни мерки

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу изјави дека Москва ќе преземе мерки како одоговор на чекорите кои НАТО ги презема во близина на руските граници.

„Уверен сум дека ќе преземеме правовремени мерки, кои не мораат да бидат симетрични со чекорите на НАТО“ рекол Шојгу, пренесе ТАС С.

Според Шојгу, во политиката на Алијансата е доминатно претставувањето на Русија како најголема закана за Западот, по принципот: „верувам во она што го измислив“, што значи дека измислиле руска закана со која се плашат самите себеси, истакна рускиот министер.

Тој објасни дека во меѓувреме НАТО презема практични чекори, како што се развивање на воена инфраструктура во близина на границата со Русија или зајакната активност на Алијансата на Црното и Балтичкото море.

Тој додаде дека таквите чекрои доведуваат до раст на тензиите и бараат адекватен одговор на Русија.