4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Еден од напаѓачите во Шри Ланка студирал во Велика Британија

Еден од напаѓачите, кои ги изведоа бомбашките напади на Велигден во Шри Ланка, студирал во Велика Британија, велат официјални претставници, покажуваат дополнителните детаљи за бомбачките-самоубијци.

Заменик-министерот за одбрана на земјата изјави дека бомбашот студирал во Велика Британија, пред да посетува курс во Австралија.

Во меѓувреме бројот на жртвите се зголеми на 360, а повеќе од 500 лица се наоѓаат во болница.

Премиерот Ранил Викрамесинг изјави дека Исламска држава може да биде поврзана со експлозиите.

Терористичката група ИС, вчера соопшти дека е одговорна за нападите, кои се насочени кон цркви и хотели, иако не обезбеди директни докази за нејзиното учество.