12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Алијансата за Албанците: ИВЗ му припаѓа на народот и не е алатка на партиите

Исламската верска заедница е институција со огромна духовна вредност за илјадници муслимански верници и како таква треба да биде автономна. За жал, политиката продолжува да ги пика рацете во оваа институција и да има влијание врз Заедницата, реагира Алијансата за Албанците во врска со последните случувања во ИВЗ.

„Поглаварот на ИВЗ со своја уста потврди дека подолго време бил инструментализиран од политиката и како таков не заслужува да ја врши и понатаму својата должност. Од друга страна, судската одлука помеѓу двата изборни циклуса отвора сомнежи дека повторно целта е инструментализацијата на оваа институција за политички цели“, се вели во соопштението.

Алијансата за Албанците инсистира случајот да се разјасни и јавноста правилно да се информира. Ве потсетуваме, велат од Алијансата за Албанците, дека Исламската верска заедница е институција што му припаѓа на народот и не е алатка на партиите за политички цели.

„Многу се надеваме дека оваа институција ќе смогне сили да ги направи неопходните промени, без да стане инструмент на темна стратегија на која било политичка партија која се обидува да го командува и Бога“, велат од Алијансата за Албанците.

Спонзорирано: