11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Али Камнеи: Иран ќе извезува нафта колку што му е потребна

Иранскиот врховен лидер Али Камнеи, реагирајќи на изјавата на САД од понеделникот дека нема да ги повлечат санкциите за иранските увозници на нафта по 2 мај, истакна дека Иран може да извезува онолку нафта колку што му е потребно, пренесува „Спутник“.

„Американските напори за санкционирање на продажбата на иранската нафта нема да стигнат никаде. Ние можеме да извезуваме толку нафта колку што ни треба и колку што сакаме“, рече Камнеи.

Покрај тоа, Вашингтон објави дека САД, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати ќе се погрижат глобалниот нафтен пазар да остане соодветно снабден.

САД ги наметнаа санкциите за нафтената индустрија во Иран во ноември кога унилатерално се повлекоа од Заедничкиот сеопфатен акциски план од 2015 година, со кој беа укинати ограничувањата на Техеран под услов Исламската Република да ја задржи мирнодопската природа на својата нуклеарна програма.

Спонзорирано: