23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Либиската армија на Хафтар уништила воен авион што целел нивна воздухопловна база

Силите на Либиската национална армија (ЛНА) предводени од Калифа Хафтар собориле борбен авион на вооружени групи што се обидел да ја нападне воената база „Ал Џуфра“, објави портпаролот на ЛНА, Ахмед Ал-Мисмари, пренесува „Спутник“.

Авионот бил соборен од противвоздушната одбрана на „Ал Џуфра“, а сега е во тек потрага по соборениот авион и неговиот пилот.

Калифа Хафтар нареди офанзива за преземање на контролата врз Триполи од силите на владата на Национален договор (ГНА) на почетокот на април, што предизвика мобилизација на силите лојални на ГНА, кои почнаа воена операција против ЛНА.

Либија беше втурната во хаос во 2011 година кога долгогодишниот лидер Моамер Гадафи беше соборен и убиен од страна на бунтовниците поддржани од НАТО. Вакуумот во власта ги поттикна конкурентските милиции, криминалните банди и терористичките групи.

Спонзорирано: