4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Цената на сувлакито во Грција три евра поради поморот на свињите во Кина

Новоформираниот синдикат на производители на сувлаки од Атина објави дека цената на сувлакито, традиционално јадење што го сакаат и туристите и локалното население во Грција, би можела да изнесува до три евра поради зголемувањето на цената на свинското месо во светот.

АНА објави дека по оваа изјава, реагирале претставници на синџири за брза храна и продавачи на сувлаки во обид да ја смират ситуацијата. Многу од продавачите интервјуирани од грчката агенција рекоа дека очекуваат да ги апсорбираат дополнителните трошоци и дека цените на пита гиро и гиро ќе останат непроменети, а другите беа повнимателни во изјавите и не го отфрлија порастот од 0,1 евро (10 евроценти) да биде на товар на граѓаните.