12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Речиси 1.000 уапсени на протестите на климатските бунтовници во Лондон

Бројот на уапсени меѓу активистите на Extinction Rebellion на 22 април достигна 1.065 лица, а досега се обвинети 53 лица на протестите што веќе цела недела го нарушуваат мирот во главниот град на Велика Британија, објави лондонската полициска служба, пренесува „Спутник“.

Активистите на Extinction Rebellion спроведуваат т.н. кампања за нарушување во Лондон блокирајќи го сообраќајот во разни делови на градот од 15 април.

Демонстрантите бараат политичарите да преземат акција за климатските промени.

„Полицијата останува во чести контакти со организаторите за да осигури дека сериозните нарушувања во секојдневието на Лондон ќе завршат што е можно побргу и дека ќе продолжат само законските и мирни протести“, се вели во соопштението на Скотланд јард.

Демонстрантите главно биле уапсени под обвинение за блокирање на сообраќајот на клучните улици во Лондон и за оштетување имоти.

Спонзорирано: