20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пожар во фабрика за хартија во Хрватска

Во фабриката за хартија „Екопапир“, во местото Гола, во близина на Копривница, синоќа избувна голем пожар.

Повеќе десетици пожарникари со часови се бореа со огнот, а рано изутрината пожарот беше ставен под контрола иако поголемиот дел од фабриката сè уште гореше, според „Индекс.цом“.

„Главниот дел од погонот е изгорен, но е обезбеден. Пожарникарите добро го сочуваа делот во кој се боите и лепилата. Продолжуваме со производството во друг погон“, рече сопственикот на „Екопапир“, Дарко Матошиќ, кој заедно со своите вработени дошол во фабриката веднаш штом слушнал што се случувало.

„Екопапир“ се занимава со производството на хартиени кеси и украсна хартија, а повеќето од производите се извезуваат.

Спонзорирано: