20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најдени телата на тројцата планинари што загинаа во лавина во Канада

Телата на тројца професионални планинари, кои во четвртокот загинаа во лавина на канадските Карпести Планини, беа пронајдени.

Хансјорг Ауер (35) и Дејвид Лама (28) од Австрија и Џес Роскели (36) од САД беа пријавени за исчезнати и се сметаат за мртви.

Светски познатите планинари се обидуваа да се искачат на една предизвикувачка патека во Националниот парк Банф.

Лама и Ауер се имаат искачено на некои од најтешките планински патеки во целиот свет. Роскели е познат по тоа што го искачи Монт Еверест на 20-годишна возраст во 2003 година, што го направи најмладиот човек во тоа време кој се искачил на највисоката планина во светот.

Нивните тела беа пронајдени во неделата. Тројцата беа дел од тим искусни спортисти спонзорирани од американската компанија The North Face.

Спонзорирано: