18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

7-ми мај неработен ден за цела Македонија? – Папата доаѓа во историска посета

Доаѓањето на Папата кое е историски настан на 7-ми мај всушност може да значи и неработен ден македонските граѓани.

Владата следната недела на владина седница размислува, вторник – 7ми мај да го прогласи за неработен ден за сите граѓани.

На 7 мај во 08 часот и 30 минути од Софија на скопскиот аеродром ќе пристигне Папата. Големиот гостин ќе биде пречекан од Премиерот и Претседателот на земјава.

Папата Франциск откако ќе биде примен во Претседателската палата, ќе оддржи литургија на скопскиот плоштад, каде се очекува да присуствуваат десетици илјади граѓани од целата земја.

Поради присуството на Папата нивото на безбедност во главниот град ќе биде на највисоко ниво, а автобусите на ЈСП со цел да ги пренесат сите заинтересирани граѓани на големиот настан ќе возат бесплатно.

Дополнето:
Владата одлучи 7-ми мај да биде работен ден

Спонзорирано: