20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција инвестира во станбени објекти во Црна Гора

Компанијата „Инфинити борд ен пејпер“ од Тиват со турски капитал ќе гради три станбени објекти со станови за туристи во которската населба Кавач.

Вкупната бруто-површина на зградите изнесува 2.046 квадратни метри, а ќе има 63 стана.

Архитектонската целина ќе се состои од три згради, кои имаат подрум, приземје и два надземни ката.

Планирана е и подземна гаража на две нивоа над која се формира плато со базен и слободни површини.

Во гаражата ќе има 40 места за паркирање и 22 пред зградата.

Подрумските капацитети ќе бидат обложени со камен, а фасадните ѕидови се во комбинација од камен, дрво и бавалит, според медиумите во Подгорица.

Спонзорирано: