11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Португалскиот остров им оддаде почит на германските туристи што загинаа во автобуска несреќа

Португалскиот остров Мадеира им оддава почит на германските туристи што загинаа пред два дена во автобуска несреќа. Претседателот Марчело Ребело де Соуса стигна на островот и отиде на местото на несреќата во селото Канико, каде што положи цвеќе.

„Дојдов да изразам солидарност со жртвите и благодарност на спасувачките служби“, рекол претседателот. Тој ги посетил и повредените во болница по што ќе присуствува и на мисата во презвитеријанската црква.

Причините за несреќата сè уште не се познати.

Локалните власти меѓу жртвите идентификуваа 17 жени и 12 мажи на возраст од 40 до 60 години. Во несреќата повредени се 27 луѓе, меѓу кои 25 Германци и двајца Португалци, возачот и туристичкиот водич.

Спонзорирано: