18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Состанок меѓу Ким и Путин до крајот на април во Русија

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, ќе ја посети Русија до крајот на април, каде што ќе се состане со рускиот претседател, Владимир Путин, објави денеска Кремљ.

„Владимир Путин ќе се состане со водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун. Ким ќе ја посети Русија во втората половина на април”, се вели во соопштението.

Ким, наводно, доаѓа во Русија по повикот на Путин, според ТАСС.

Јужнокорејската агенција Џонхап претходно објави дека Ким може да ја посети Русија следната недела и дека состанокот ќе се одржи во Владивосток, на рускиот Далечен Исток.

Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, рече дека Путин ќе престојува во Кина на 26 и 27 април, каде што ќе учествува на форумот Појас и пат.

Спонзорирано: