4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рација во Атина поради анархисти и наркодилери

Во голема акција на расчистување на нелегалните населби во атинскиот дистрикт Ексархија грчката полиција утрово приведе на испитување најмалку 70 луѓе.

Операцијата беше концентрирана на две згради кои одамна беа окупирани од групи анархисти, објави „Катимерини“.

Извори велат дека една од овие згради му припаѓа на Министерството за култура.

Полицијата, исто така, претресе неколку локации за кои се верува дека ги користат наркобанди активни во таа зона, а еден човек е уапсен.