Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Најубави јајца без мака: Нашарајте ги со обични ластичиња

Нека вашата Велигденска трпеза оваа година биде малку поинаква – со повеќе креативност и бои.

Едноставните пругасти јајца можат да бидат вистинскиот начин да ја изразите вашата креативност.

За овој рецепт, прво треба да сварите јајца и да ги оставите да се изладат и исушат. Потоа треба да ги замотате со по неколку ластичиња (како на видеото).

Таквите јајца потопете ги во боја и бојадисајте ги на вообичаениот начин, а потоа оставете ги да се исушат.

Откако ќе се изладат, тргнете ги ластичињата од јајцата и ќе добиете навистина интересни велигденски јајца.

Ако сакте повеќебојни пруги, тргнете две-три ластичиња, па повторно потопете ги во боја.

Погледнете го видеото: