9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел тажна и шокирана од несреќата во Португалија

Германската канцеларка, Ангела Мерке,л изјави дека е шокирана и тажна поради автобуската несреќа на португалскиот остров Мадеира, во која загинаа и беа повредени голем број германски туристи.

Таа во соопштението им изрази сочувство на семејствата на настраданите во трагедијата.

Најмалку 29 лица загинаа кога автобусот се лизна од патот и падна по ридот, а повеќето од жртвите беа германски туристи.

Меркел рече дека се надева дека повредените и нивните семејства ќе можат да закрепнат и од физички и од психички повреди и им се заблагодари на припадниците на португалските служби за итни случаи „кои работеа во тешки околности на местото на несреќата“.