19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Катедралата Нотр Дам ќе биде отворена за помалку од 5 години

Катедралата Нотр Дам во Париз ќе биде отворена за помалку од пет години откако пожарот сериозно ја оштети средновековната зграда и ја уништи нејзината шпицеста кула, вели францускиот министер за култура, Франк Ристер, пренесува „Спутник“.

На прашањето дали катедралата ќе остане затворена во тој период од пет години, Ристер рече дека тоа е малку веројатно, но не кажа точно кога Нотр Дам ќе може повторно да прима посетители.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во вторникот вети дека ќе ја обнови иконската 850-годишна катедрала во рок од пет години.

Голем пожар избувна во Нотр Дам доцна во понеделникот вечерта, предизвикувајќи колапс на шпицестата кула на катедралата и на две третини од покривот. Пожарот беше целосно изгаснат дури во вторникот наутро. Макрон го опиша инцидентот како „страшна трагедија”.

Спонзорирано: