7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иранска боксерка ќе остане во Франција по заканата за нејзино апсење во Иран

Првата иранска боксерка која победи во меѓународен меч ќе остане во Франција и нема да се врати дома откако во Техеран беше издаден налог за апсење против неа, пренесува француски „Лекип“.

Садаф Кадем (24), која се натпреварува во шорцеви и маички со откриена глава, и нејзиниот тренер Махјар Монсипур моментално се наоѓаат во францускиот град Поатје. Кадем требаше да се врати во Техеран, каде што работи како тренер по фитнес, по победата во саботата над 25-годишната Ана Шовин од Франција во западниот град Ројан.

Кадем изјави дека била во такси на пат кон аеродромот „Шарл де Гол“ кога нејзиниот тренер, добил информации дека е издаден налог за апсење. Монсипур, поранешен светски боксерски шампион, кој е роден во Иран, но сега е француски државјанин, го организирал мечот откако Иран им дозволи на жените да боксуваат.

Учеството на Иранкитево спортски настани е во голема мера ограничено иако властите во Исламската република почнуваат да попуштаат во некои области по неколкугодишна кампања од страна на групите за притисок. Федерацијата сега им овозможува на жените да се регистрираат како боксери под услов да бидат тренирани од жена и да носат исламски хиџаб додека се натпреваруваат.

Во Иран жените можат да бидат казнети со парична казна или дури и со затворска казна ако излезат во јавноста без шамија, при што женските спортисти треба да ги покриваат рацете, нозете и вратот за време на натпреварот.

Кадем изјави за „Лекип“ дека нејзиниот избор на опрема за мечот би можел да ѝ предизвика непријатности дома.

„Се борев во законските рамки, во Франција. Но бидејќи носев шорцеви и маичка, ги прекршив правилата на мојата земја. Не носев хиџаб, бев тренирана од маж, а некои луѓе нема да го прифатат тоа. Сакам да се подобрам што е можно повеќе, да напредувам колку што е можно повеќе и да покажам дека и другите Иранки можат да учествуваат во овој спорт”, изјави Хадем пред почетокот на борбата.

Спонзорирано: