10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Индиската „Џет ервејс“ престана со работа, во опасност 20 000 работни места

Некогаш моќниот индиски авиопревозник „Џет ервејс“ соопшти дека ги откажува сите летови, откако не успеа да се договори за привремено финансирање со банките во Индија, објави Си-ен-ен. Авионската компанија со месеци се бореше за опстанок на пазарот.

„Ова беше навистина тешка одлука, но без привремено финансирање, авионската компанија едноставно не е во можност да го води воздушниот превоз на патници“ се наведува во соопштението на „Џет ервејс“.

Колапсот на компанијата е огромен удар за индиската воздушна индустрија, која се бори да ја задоволи растечката побарувачка, а притоа да ги задржи ниските цени и трошоците. Сепак, компанијата наведе дека се работи за привремено прекинување на летовите, а многумина сметаат дека поради недостиг на финансии во опасност се 20 000 работни места.

„Џет ервејс“ сака да им изрази благодарност на сите вработени кои останаа во компанијата во овие тешки времиња. Патниците кои резервирале летови ќе бидат обесштетени, ќе бидат известени за привременото затворање на компанијата преку е-пошта и текстуални пораки, па ќе можат да задржат поврат на парите“, се додава во соопштението .

Компанијата е формирана во почетокот на 1990-тите и наскоро почнала да доминира со индиската авиоиндустрија.

Спонзорирано: