12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Европската Унија ги предупреди САД да не стојат на патот на европските интереси во Куба

Европската унија во средата предупреди дека ќе ги разгледа сите опции, вклучувајќи и тужба до Светската трговска организација, ако САД санкционираат европски компании што работат во Куба.

Предупредувањето доаѓа откако американскиот државен секретар Мајк Помпео истиот ден го обвини кубанскиот режим дека со години го „извезува своето угнетување во Венецуела“ и рече дека режимот, разузнавачките служби и безбедносните служби на островот го задржуваат Николас Мадуро на власт.

„Ова однесување ја поткопува стабилноста на земјите од Западната хемисфера и претставува директна закана за националната безбедност на САД“, додаде тој.

Тој исто така соопшти и дека на американските граѓани ќе им биде дозволено да отпочнат судски спорови околу имотот запленет на Куба, што досега им беше забрането со актот ЛИБЕРТАД.

Највисокиот дипломат на ЕУ, Федерика Могерини и Комесарот за трговија, Сесилија Малмстром, во заедничка изјава ја осудија одлуката на САД и го потврдија силното противење на блокот на екстратериторијалната примена на унилатералните мерки поврзани со Куба кои се спротивни на меѓународното право.

„ЕУ ќе ги разгледа сите опции на располагање за да ги заштити своите легитимни интереси, вклучително и во однос на правата на СТО и преку користењето на Статутот за блокирање на ЕУ“, предупредија тие.

Во друга изјава, напишана со канадскската министерка за надворешни работи, Кристија Фриланд, тие објаснија дека „нашите закони дозволуваат било какви американски тужби да бидат проследени со контра-тужби во европските и канадските судови, па одлуката на САД да дозволи тужби против странски компании само ќе доведе до непотребна низа правни постапки“.

Спонзорирано: