10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Според „Норвешкиот совет за бегалци“, ветото на Трамп за помош во војната во Јемен ќе донесе уште повеќе смрт

Меѓународната хуманитарна организација „Норвешки совет за бегалци“ денеска соопшти дека ветото на американскиот претседател, Доналд Трамп, на резолуцијата на Конгресот за прекин на американската воена помош за војувањето на Саудиска Арабија во Јемен ќе донесе уште повеќе страдања и смрт.

Норвешкиот совет вели дека ако Трамп навистина е загрижен за животот на цивилите, тој треба да обезбеди коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која САД ја поддржуваат, да престане да ги крши воените закони и на тој начин да лишува милиони граѓани на Јемен од помошта што спасува живот, објави АП.

Тие велат дека САД ја продлабочуваат и продолжуваат кризата, а цената ја плаќаат цивилите.

Коалицијата под водство на Саудиска Арабија е во војна со јеменските бунтовниците Хути од 2015 година.

Десетици илјади луѓе беа убиени во конфликтот, предизвика голема епидемија на колера, а најсиромашната арапска земја беше доведена до работ на глад.

Спонзорирано: