13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Собрани речиси милијарда долари за обновување на Нотр Дам

Речиси една милијарда долари беа собрани од верниците и моќните бизнис-магнати од целиот свет за реставрација на катедралата Нотр Дам во Париз, тешко оштетена во катастрофалниот пожар.

Градежни екипи рано утринава поставија голем кран и дрвена платформа во близина на катедралата, додека пожарникарите продолжуваат да ја проценуват штетата и да ја зајакнуваат структурата откако во пожарот во понеделникот се урна кулата и се уништи покривот на катедралата.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, одреди рок од пет години за реставрација на катедралата од 12 век, а денес, како што беше најавено, ќе претседава со вонредна седница на Владата посветена на несреќата во Нотр Дам, за која истражувачите веруваат дека е поврзана со работата на реконструкцијата на катедралата.

Советникот на претседателот за заштита на културното наследство, Стефан Берн, рече дека досега се собрани 880 милиони евра (995 милиони долари).

Меѓу оние кои дадоа донации се американскиот електронски гигант Епл, магнати кои се сопственици на компаниите „Лореал“, „Шанел“ и „Диор“, како и католиците и припадниците на други вери од Франција и од целиот свет.

Спонзорирано: