13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Соборениот судански претседател префрлен во затвор со максимална безбедност

Соборениот судански претседател, Омар Башир, е префрлен од домашен притвор во затвор во Картум, објави весникот „Акир Лахза“.

Според изворот, агентите на специјалните служби го пренеле поранешниот претседател од еден пансион каде што бил во домашен притвор по воениот удар, до најстрогиот затвор „Кобер“ во вторникот вечерта.

Во меѓувреме се издадени потерници за уште 11 други високи функционери и соработници на Башир.

На 11 април, Башир, кој беше на власт речиси 30 години, беше уапсен од страна на војската на земјата. Преодниот воен совет вети дека ќе одржи нови избори за две години. Сепак, протестите кои го зафатија Судан во текот изминатите неколку месеци продолжија, а демонстрантите бараат војската да ѝ ја предаде власта на нова граѓанска влада.

Во 2009 година, Башир стана прв шеф на држава во историјата што беше баран од Меѓународниот кривичен суд. Тој се соочува со обвиненија за геноцид и злосторства против човештвото извршени за време на конфликтот во Дарфур што избувна во 2003 година.

Спонзорирано: