13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Промоција на „Херојска/еротска книга“ на Марта Маркоска во „Јавна соба“

Поетската книга „Херојска/еротска книга“ („H/ero/t/ic book“) на Марта Маркоска ќе биде промовирана вечерва во „Јавна соба“ со почеток во 21:30 часот. Авторката во својата покана за оваа сценска промоцијата го наведува слоганот „дојдете во мојата соба, ќе ве доведам до климакс само со зборови“.

Почесни соработници на Марковска за оваа книга се Александра Спасеска, препев на книгата, Ленче Наумовска, дизајн на корицата, Тоше Јанев, фотографија на корицата, Борче Исајловски, промотивно видео и Борче Николовски, водител на настанот.

Настанот е во продукција на Стерија Зиков и Импакт Медија, главната поддршка од Александар Велиновски и „Јавна соба“, а издавач е Дејан Павлевски и Матица Ексклузив.

„Херојска/еротска книга“ е 12-та книга на Маркоска која во својот книжевен опус вбројува книги поезија, есеистички изданија, теоретски книги, кратки раскази. Нејзините песни се вклучени во бројни значајни интернационални и македонски антологии, а добитничка е на пет награди меѓу кои „Нова Македонија“ и „Бели мугри“.

Спонзорирано: