11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поранешниот претседател на Перу се застрелал пред да биде уапсен за корупција

Поранешниот перуански претседател, Алан Гарсија, си пукал во главата откако полицијата пристигнала во неговиот дом за да го уапси. Гарсија е пренесен во болница, а неговата состојба е моментално непозната, пренесува РТ.

Поранешниот претседател влегол во својата спална соба откако ги забележал полицајците пред вратата, пишува „Ла република“.

Гарсија, кој имаше два мандати како претседател на Перу, е под истрага за поткуп. Гарсија е еден од повеќе од 230 луѓе во Латинска Америка кои се под истрага во случајот на корупција во бразилскиот конгломерат „Одебрехт“.

Поранешниот перуански претседател бараше азил во Уругвај минатиот ноември, откако судијата му забрани да го напушти Перу во следните 18 месеци. Барањето за азил му било одбиено, а судот во Лима наложил да го притворат во вторникот.

Обвинителите велат дека Гарсија зел поткуп од „Одебрехт“ во замена за профитабилен договор за јавен превоз во Лима. Гарсија го негира обвинението и тврди дека е политички прогонуван.

Спонзорирано: