11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Француската влада ќе предложи закон за Нотр Дам

Францускиот премиер Едуард Филип денеска изјави дека неговата влада ќе преземе серија мерки за обезбедување финансирање и забрзување на реновирањето на катедралата Нотр Дам, која беше сериозно оштетена во пожарот што избувна во понеделникот.

По седницата на владата посветена на Нотр Дам, Филип рече дека неговата влада ќе предложи закон идната недела за да обезбеди транспарентност за време на реконструкцијата.

Една од мерките ќе биде гаранција дека сите донации ќе бидат искористени за реконструкција на катедралата. Законот ќе им обезбеди даночни олеснувања на граѓаните што ќе донираат средства за реконструкција на Нотр Дам. Исто така, се планира и промена на прописите за се олесни обновата на катедралата.

Спонзорирано: