11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ФБИ трага по вооружена тинејџерка, опседната со масакр во средно училиште пред 20 години

Најмалку 20 училишта се затворени на подрачјето на Денвер, бидејќи полицијата трага по вооружена жена, која, како што се наведува, е опседната со масакрот во средното училиште Колумбин.

Полицијата соопшти дека се работи за Сол Пејс (18), за која на Фејсбук објавиле дека е вооружена и многу опасна, како и дека не е закана само по одредени училишта или одредено лице.

Полицијата ги замоли граѓаните доколку ја видат оваа девојка, да се јават во ФБИ, но никако да не ѝ приоѓаат.

На денешен ден во 1999 година, Ерик Харис и Дилан Клеболд убија 13 ученици во средното училиште Колумбин.

Спонзорирано: