Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Велигденска декорација: Еве како да украсите јајца (видео)

Ви предлагаме оваа година велигденските јајца да ги украсите со оваа техника. Ќе добиете мали ремек дела!

Потребни ви се цветни салфети, варени јајца, разматена белка и ножици.

Јајцата згответе ги, а белките добро разматете ги.

Пожелно е јајцата да бидат бели. Исечете ја саканата сликичка на салфетата и одвојте го најтенкиот слој.

Јајцето премачкајте го со белка, па полека со прстите раширете ја сликичката на јајцето.

Оставете да се исуши и тоа е тоа.

Погледнете го видеото: