5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Центристите во ЕУ ќе ги загубат европратеничките места за сметка на евроскептиците, Русија повторно обвинета за мешање

Антиестаблишментските партии во ЕУ се подготвуваат да блеснат за време на изборите за Европскиот парламент следниот месец, но некои го гледаат нивниот подем како доказ за успешното мешање од страна на Русија, пренесува РТ.

Борбата за понудените 750 пратенички места во Европскиот парламент ќе почне во мај, а разни антиестаблишментски сили од двете страни од политичкиот спектар влегуваат во сојузи за да ги освојат мандатите кои во моментот се во рацете на центристите.

Конфузијата дополнително ја зголемува Велика Британија, која ќе учествува на изборите и покрај наводно напорно работење за напуштање на ЕУ.

Но, за некои европски и меѓународни официјални претставници се чини дека проблемот е наводно тоа што Русија тајно да ги поддржува евроскептиците – а не судирите меѓу политичките елити и луѓетото што треба да ги претставуваат.

Обвинувањето на кремљските „тролови“ за неизбежниот изборен неуспех без нудење на докази, се разбира, е толку привлечно во Европа во 2019 година како што беше во 2016 година во САД, посочува РТ.

Спонзорирано: