11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руски свештеник протеран од службата затоа што неговата сопругата учествувала на избор за мис

Руски православен свештеник од регионот на Урал е поставен на служба во едно запуштено село како казна за гревот што го направила неговата сопруга. Таа учествувала на натпревар во убавина, и тоа за време на пости.

Оксана Зотова, која води салон за убавина во Магнитогорск, била избрана за мис сензуалност на тој натпревар. Критиките во јавноста почнале кога на социјалните мрежи се раширил интересен детаљ од нејзината биографија, а тоа е дека е сопруга на свештеник.

Кога информацијата стигнала до верската заедница, Сергеј Зотов бил отпуштен од службата во катедралата во Магнитогорск.

Својата работа ќе ја продолжи во селото Фершампенауз, на оддалеченост од 65 километри од Магнитогорск.

Од верската заедница навеле дека е голем грев сопруга на свештеник да се експонира заради забава.

„Каков е тој свештник што не може да си ја контролира сопругата“, се дел од коментарите на верските претставници.

Спонзорирано: