5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Наставниците во Полска втора недела во штрајк, владата нема пари

Штрајкот на наставниците во Полска влезе во втората недела, а полската влада им кажа дека нема пари за да се исполнат барањата на штрајкувачите.

Наставниците бараа зголемување од 30 отсто оваа година и истакнуваат дека заработуваат помалку од касиерките во супермаркетите.

Сепак, десничарската влада објави дека има пари само за половина од износот што го бараат наставниците.

„Нема пари за зголемување во буџетот во 2019 година”, рече министерката за образование, Ана Залевска.

Претседателот на главниот синдикат на наставници ЗНП, Славомир Брониарц, рече дека тие не ги прифаќаат зборовите на Залевска и бараат итни нови преговори со владата.

„Сакаме да ги заработиме соодветните пари и да живееме достоинствено”, рече тој.

Спонзорирано: