Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Патник се обидел да внесе јагниња во авион на летот Сараево – Доха

фото Pixabay

Државјанин на Катар се обидел денеска во авион на летот Сараево – Доха да внесе две јагниња.

Патникот мртвите животни се обидел да ги пренесе во два куфери, но припадниците на обезбедувањето забележале што сака да внесе. Тие го запреле и му ги одзеле животните.

Патникот го продолжил летот, а на аеродромот во Сараево била повикана ветеринарна инспекција. Портпаролката на аеродромот, Сања Багариќ, изјавила за Радио Сараево дека ова не е прв случај патник да се обиде да изнесе јагне од БиХ.

„Многу патници се обиделе да изнесат животни од БиХ, од некои ретки видови па сè до јагниња. Ова не е прв случај“, рекла таа.