Секогаш во средиштето на збиднувањата...

На грчкиот остров Самос пристигнале 92 мигранти, една жена се удавила

Една жена е пронајдена мртва во морето кај грчкиот остров Самос каде што денеска пристигнале 51 мигрант, додека друга група од 41 мигрант претходно била спасена од крајбрежната стража.

„Според изјави од мигрантите, жената која се удавила паднала во водата пред групата да успее да се префрли од чамец на карпестиот брег во близина на пристаништето Карловаси, соопшти“, крајбрежната стража.

Грчката патрола спасила друга група од 41 мигрант на чамец и ја пренела на безбедно.

Самос е еден од петте грчки острови во Егејското Море, покрај Лезбос, Хиос, Лерос и Кос, каде што десетици мигранти секојдневно пристигнуваат од Турција во настојувањето да стигнат до западните европски земји.

Приливот на мигранти се зголемил значително од почетокот на јануари.