13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се урнаа две згради во Рио де Жанеиро, две лица загинаа

Две мали згради во Рио де Жанеиро се урнаа во петокот, при што загинаа најмалку две лица, а беа повредени уште двајца, објавија бразилските власти.

Уривањето се случи во западниот дел на градот, кој беше особено погоден од обилните врнежи оваа недела, што предизвикаа големи поплави, во кои загинаа најмалку 10 лица.

На бразилската телевизија „Глобо“ се прикажани локалните жители кои бараат преживеани во урнатините.

Поради лошата инфраструктура, уривањето на зградите не е реткост во посиромашните области на Бразил.

Спонзорирано: