Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Конте: Воена интервенција во Либија нема да го реши конфликтот

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, изјави дека каква било воена интервенција во Либија нема да го реши најновиот конфликт во земјата, која е поранешна колонија на Италија.

Тој предупреди дека тоа може да предизвика егзодус на бегалци преку Медитеранот.

„Воена опција не може да биде решение“, рекол Конте во интервју за „Ил Фато Котидиано“. Тој додал дека потребни се преговори со сите страни.

Италија, која е една од најважните фактори во нафтениот сектор на оваа северноафриканска држава, ја поддржа меѓународно признаената влада на премиерот Фајез ал-Сараџ против силите кои ги предводи генералот Калиф Хафтар.

Во овој момент Либија служи како транзитно место за мигрантите од подсахарските земји.

Во тренд…