7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во бомбашки напад во Пакистан убиени 16 луѓе

Во бомбашки напад на припадници на шиитските малцинства убиени се 16 луѓе и речиси 30 се ранети, во југозападниот дел на Пакистан, соопштија властите. Ова е прв меѓусекташки напад во изминатите месеци.

Според информациите, бомбата експлодирала денеска на пазар, кој е под контрола на хазарското малцинство во Квета, рекол претставник на месната полиција.
Некои од ранетите луѓе се во критична состојба поради што бројот на жртви би можел да расте.

Членовите на шиитското малцинство во минатото биле цел на сунитски милитантни групи, вклучително и Исламската држава и во Авганистан и во Пакистан.

Спонзорирано: