9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата казнуваше непрописни возачи

Во текот на изминатиот ден (11.04.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 36 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 21 возач од кои: 20 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач почетник.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 15 биле нерегистрирани и едно возило поради претовар. Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 11 поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, еден возач затоа што не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, четири возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 15 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 20 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло.

Во текот на изминатиот ден издадени се 133 мандатни платни налози и 84 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Изминатиот ден се случиле седум сообраќајни незгоди во кои пет лица се здобиле со телесни повреди.

Спонзорирано: