10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Подготовките за брегзитот без договор чинеле една и пол милијарда фунти

Британската влада повлече армија од 6.000 државни службеници кои подготвувале терен за излез без договор од Европската Унија, активност што чинела околу 1,5 милијарда фунти.

Државните службеници што работеле во други земји сега ќе им се вратат на секојдневните обврски, но не е јасно што ќе прават околу 4.500 нови вработени бидејќи, според најновата спогодба, членот 50 е продолжен до 31 октомври, Ноќта на вештерките.

Вкупно, на брегзитот досега работеле 16.000 државни службеници, пишува лондонски „Гардијан“.

Хилари Бен од Лабуристичката партија изјави дека тоа е висока цена за настојувањата на премиерката Тереза ​​Меј да го остави на маса и излезот на Велика Британија од ЕУ без договор.

„Важно е да се планираат сите можни сценарија, но тоа е висока цена за континуираната изјава на премиерката – ‘Сo мојот договорот или без договор’, иако знаеше дека излезот без договор не е од национален интерес“, рекол Хилари Бен.

„Ова е пример што покажува дека брегзитот е премногу скап за нашата земја“, додал тој.

Спонзорирано: