9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Песков: Апсењето на Асанж е спротивно на принципите за слобода на медиумите

Дмитриј Песков, портпаролoт на рускиот претседател Владимир Путин, денеска изјави дека апсењето на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, е против идејата за слобода на медиумите и додаде дека Москва очекува законските права на Асанж да бидат почитувани, објави агенцијата „Тасс“.

„Всушност, ‘Викиликс’ е независен извор на информации, кој е под прогон. Секако, од наша гледна точка, ова е сосема спротивно од идејата за слобода на медиумите и медиумскиот имунитет. Затоа, очекуваме сите законски права на Асанж да се почитуваат“, рече портпаролот на Кремљ.

Тој како теоријата на заговор ги квалификува информациите дека апсењето на Асанж би можело да има негативни последици за Русија поради тоа што основачот на „Викиликс“, според тврдењето на американските медиуми, открил информации за преписките на поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, објавени во 2016 година кога таа беше кандидат на претседателските избори.

Спонзорирано: