Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Неуспешна мисија – вселенското летало на Израел се урна на Месечината

Израелското вселенско летало синоќа не успеа да слета на Месечината.

Додека леталото се приближувало до Месечината, неколку пати изгубило контакт со командниот центар во Јехуд во Израел. Научниците не губеле надеж затоа што врската била повторно воспоставувана, но само неколку минути пред да се спушти летaлото повторно изгубилo контакт и се урнало на површината на Месечината.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху најави дека Израел ќе продолжи да се обидува да спушти вселенски брод на Месечината.

„Ако првпат не успеете, обидете се повторно“, рекол тој.

Леталото наречено „Берешит“ го изгради непрофитната група „Спејс ИЛ“ во соработка со Израелската аеронаутичка индустрија. Леталото беше лансирано на 22 февруари од Флорида на ракетата „Фалкон 9“ на компанијата „Спејс икс“ на Илон Маск. Бродот бил со големина на машина за перење алишта, што е најмало и најевтино летало што тргнало на Месечината.

Израел се надеваше дека ќе се смести меѓу САД, Русија и Кина, кои успешно изведоа слични мисии.