15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Судан

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итна седница за ситуацијата во Судан, соопшти портпаролот на мисијата на Русија во ОН, Фјодор Сржижовски.

Тој за „Тас“ рекол дека по консултациите за Колумбија, би требало да се разговара за Судан.

Според претходни најави, САД и Европската Унија побарале консултациите во СБ на ОН за Судан да се одржат зад затворени врати.

Суданската војска го симна од власт претседателот Омар ел-Башир, го суспендира уставот, ги распушти парламентот, владата и локалните власти и прогласи тримесечна вонредна состојба.

Формиран е и воен совет, кој ќе управува со државата две години.

Спонзорирано: