18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шведска размислува за повторно отворање на истрагата за сексуален напад против Асанж

Шведското обвинителство размислува за повторно отворање на истрагата почната врз основа на тврдењето на една жена дека била сексуално нападната од основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж.

„Го разгледуваме ова прашање и ќе ја објавиме нашата одлука во текот на денот“, изјави Карл Јигланд за „Свенска дагбладет“.

Адвокатот на жената што тврди дека била нападната изјави дека таа ја поздравила веста за апсењето на Асанж во Лондон и вети дека ќе побараат повторно отворање на случајот.

„Мојата клиентка и јас штотуку ја примивме веста дека Асанж е уапсен. Се разбира, ова е шок за неа зашто она што го чекавме и за што се надевавме во изминатите седум години конечно се случи. Ќе сториме сè за да може обвинителството повторно да ја отвори истрагата за Асанж за тој да биде префрлен во Шведска и да му се суди за силување“, изјави Елизабет Маси Фриц за „Експресен“.

Иако истрагата за сексуалните злосторства беше прекината во мај 2017 година и официјално беше повлечен налогот за апсење, истрагата може да се повтори ако Асанж биде екстрадиран во Шведска пред август 2020 година по што делото застарува.

Спонзорирано: