10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Репортери без граници: Апсењето на Асанж е опасен преседан за новинарите

Непрофитната организација „Репортери без граници” смета дека апсењето на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, претставува опасен преседан за новинарите, напиша генералниот секретар на организацијата, Кристоф Делоар на Твитер, пренесува ТАСС .

„Тагетирањето на Асанж поради информациите од јавен интерес што „Викиликс“ им ги доставуваше на новинарите ќе биде казнена мерка и ќе претставува опасен преседан за новинарите или за нивните извори што САД можеби ќе посакаат да ги следат во иднина”, пишува Делоар.

Асанж беше уапсен од од британската полиција претпладнево откако претседателот на Еквадор, Ленин Морено, објави дека земјата го поништува азилот што му до одобри.

„Асанж е притворен во централната полициска станица во Лондон, каде што ќе останедо појавувањето пред судот во Вестминстер што е можно поскоро”, се вели во соопштението на полицијата.

Спонзорирано: