3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Луизијана изгореа три црнечки цркви во рок од десет дена

Три цркви во Луизијана изгореа во рок од десет дена под сомнителни околности, пишува Си-ен-ен.

„Очигледно нешто се случува во оваа заедница“, изјави државниот пожарникарски шериф Х. Браунинг.

Првата црква, „Св. Марија“ во Порт Бар, изгоре на 26 март. „Великиот сојуз“ беше запалена во вторникот, а баптистичката црква „Маунт плежнт“ во четвртокот.

„Сите три пожари се сомнителни“, рече Браунинг.

Полицијата исто така го испитува подметнатиот четврти, мал пожар што ја зафати црквата на белците, „Вивијан“, во парохијата Кадо.

Шерифот на парохијата Св. Лендри, Боби Гидроз, рече дека властите ќе сторат сè што е во нивна моќ“ за да ги заштитат црквите и да ја утврдат причината за пожарите.

„Се разбира дека се чувствувате малку лути затоа што не постои причина за вакво нешто“, рече Ернест Хајнс од баптистичката црква „Маунт плежнт“.

„Секој е запознаен со историјата на нашата земја. За време на борбата за граѓански права ги имавме сите овие инциденти, а понекогаш се повторува историјата“, рече тој.