23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полските наставници втор ден во штрајк, владата нуди разговори

Наставниците во Полска денес влегоа во вториот ден од штрајкот поради кој беа затворени илјадници училишта, а владата им понуди директни разговори на синдикатите што штрајкуваат.

Според АП, владата соопшти дека е подготвена веднаш да ја потпише понудата што ја даде претходно, а која синдикатите ја одбија како незадоволителна.

Во Полска се одвиваат испити во средните училишта, а поради штрајкот, директорите на училиштата беа принудени да бараат помош од пензионирани и верски учители и оние што не штрајкуваат.

Наставниците во Полска стапија во генерален штрајк во понеделникот со барање да им се зголемат платите бидејќи разговорите со владата пропаднаа.

Штрајкот почна без да се наведе колку долго ќе трае и ова е првиот штрајк од ваков вид во Полска од 1993 година.

Спонзорирано: