Американската министерка за внатрешна безбедност Кирстјен Нилсен заминува од функцијата, објави американскиот претседател Доналд Трамп, кој во пораката на „Твитер“ напиша дека ја прифатил нејзината оставка.
рамп ѝ се заблагoдари на Нилсен на нејзината досегашна работа и објави дека вршител на должноста во Министерството, во кое има 240 илјади вработени, ќе биде досегашниот комесар за царина и гранична заштита, Кевин Мекалијен.
Нилсен беше именувана за министерка во октомври 2017 година. Нејзиниот наследник со години бил задолжен за контрола на границата, што е приоритет за Трамп во работата на Министерството за внатрешна безбедност, првично формирано за борба против тероризмот по нападите на 11 септември.
Спонзорирано: