Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора заедно во вежбa против сајбер-криминалот

Денеска, во Белград почнаа регионални вежби со симулирање случаи на сајбер-криминал и финансиски истраги на експерти од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, каде што претставници на полицијата, дигитални форензичари, обвинители, судии и експерти од администрацијата за перење пари ќе учествуваат на настанот до 11 април.

Вежбата iPROCEEDS се спроведува во рамките на заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа, а во следните четири дена експертите ќе се обидат да симулираат услови од вистинскиот живот за лоцирање и запленување на имотот што произлегува од кривични дела на интернет.

Во тренд…