10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

САД бараат итен прекин на офанзивата на Хафтар кон Триполи

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, ги повика силите на маршалот Калифа Хафтар веднаш да ја прекинат нивната офанзива кон Триполи, по малку иронично велејќи дека не постои воено решение во конфликтот што НАТО помогна да почне, пренесува РТ.

„Јасно ставивме до знаење дека се спротивставуваме на воената офанзива одна силите на Хафтар и настојуваме веднаш да ги запреме овие воени операции противТриполи. Силите треба да се вратат на статус кво анте позициите”, се вели во изјавата на Помпео.

Либија останува поделена земја без централизирана власт уште од „хуманитарната” интервенција на НАТО и воздушните напади во 2011 година со кои ја уништи војската во земјата и им помогна на вооружените бунтовници да го убијат Гадафи.

Но, во 2019 година, политичкото решение е единствениот начин да се обедини земјата и да се обезбеди план за безбедност, стабилност и за просперитет за сите Либијци”, вели Стејт департментот, истовремено повикувајќи ги сите инволвирани страни итно да ја деескалираат ситуацијата.

Пораката на Помпео доаѓа откако Пентагон го повлече преостанатиот мал контингент од Либија, велејќи дека е премногу опасно за американските војници да останат на терен.

Спонзорирано: